ВИДЕО: „Романскиот Трамп“ и градоначалникот на Букурешт во вториот круг претседателски избори

Од:

Опозицискиот ултрадесничар Ѓорѓе Симион и градоначалникот на Букурешт Никушор Дан ќе се борат на 18 мај во вториот круг од изборите за нов претседател на Романија, објавија утрово романските медиуми, повикувајќи се на податоци од Централната изборна комисија (АЕП).

По пребројувањето на 99,99 проценти од гласовите по вчерашниот прв круг од претседателските избори, резултатите објавени од АЕП покажуваат дека Симион освоил 40,94 проценти од гласовите, а Никушор Дан 20,99 проценти од гласовите, објавува романскиот портал Диги24.

Поточно, Симион, кој е претседател на Алијансата за обединување на Романците (AUR), освои 3.856.981 гласови, додека за градоначалникот на главниот град Дан гласаа 1.976.926 Романци.

Би можело да ве интересира

Русија: Тврдењата за руски беспилотни летала над Европа се неосновани

Медведев им се закани на граѓаните на ЕУ: „Мирниот сон заврши“

Фон дер Лајен: Руската агресија премина уште една црвена линија

ВИДЕО: Романската војска го следела, но не го соборила дронот

Катерина Ѓуровски

НАТО се огласи по ударот на руски дрон врз зграда во Романија

ВИДЕО: Дрон погоди зграда во Романија, повредени жена и дете

Катерина Ѓуровски