Рокот за поднесување барања за субвенции за млеко и несилки истекува на 16 мај

Од:

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР) ги известува млекопроизводителите дека рокот за поднесување барања за директни плаќања за произведено и предадено овчо, козјо и кравјо млеко во период од октомври до декември 2016 година завршува на 16 мај 2017 година.

Висината на поддршката изнесува 3,5 денари по литар. Барањата се поднесуваат по електронски пат во подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство каде што е регистрирано земјоделското стопанство, соопшти АФПЗРР.

На 16 мај 2017 година завршува и рокот за поднесување барања за директни плаќања за несилки внесени во капацитет за производство на јајца во период од октомври до декември 2017 година. Висината на поддршката изнесува 100 денари за купена и внесена неслика во одгледувалиште на кокошки несилки за производство на јајца.

Барањата се поднесуваат во писарницата на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, лично или по пошта. Образецот за поднесување на барањата како и потребната документација можат да се подигнат во Агенцијата или да се преземат од веб страницата: www.ipardpa.gov.mk, во полето „Директни плаќања 2017“, „Обрасци“.

Би можело да ве интересира

Нема веќе гарантирани цени, државата уште не го донела законот за контрола на трговците

Орце Костов

Државни субвенции во Србија: 5000 евра за електично возило, 20.000 евра за нов стан

Субвенции за клими: За југозападна Македонија ваучери од 25.000 денари, за останатите 2000 помалку

Орце Костов

Не е точно дека оваа влада ќе ги укине субвенциите за струја од први јули, вели Битиќи

(ВИДЕО) Вашите деца не мрзнат, што да јаде моето дете: Викотници на вработени во ЈСП кон советниците на ВМРО-ДПМНЕ

Александар Тодески

СДСМ: Поголеми субвенции за лозарите од 40.000 на 52.000 денари по хектар