Рекордно висока волја меѓу Швеѓаните за помош на земјите во развој

Од:

Меѓу граѓаните на Шведска моментно е присутна рекордно висока волја за поддршка на обемот на државната финансиска помош што се издвојува за земјите во развој, јави дописникот на МИА од Гетеборг.

Такво високо ниво на позитивна настроеност меѓу Швеѓаните, чија земја инаку е на прво место во светот според обемот на буџетски средства пер капита наменети за меѓународна развојна помош, не е забележано уште од периодот на 1980-ите години.

Тоа го покажуваат најновите податоци добиени од годишните испитувања на јавното мислење што по нарачка на државниот орган за меѓународна помош и соработка, СИДА, го спроведе шведското Централно статистичко биро (СЦБ).

Две третини од шведските граѓани, 66 проценти, сакаат да го задржат обемот на државната финансиска помош за сиромашните земји и за земјите во развој на сегашното ниво, или да го зголемат уште повеќе. Само 16 отсто од Швеѓаните сакаат обемот на средствата за оваа намена да биде намален.

Испитувањето на СЦБ исто така покажува дека е во пораст и довербата меѓу шведските граѓани оти државната финансиска развојна помош се користи ефикасно.

Во контекстот на сондажите, Швеѓаните позитивно ја оценуваат дејноста на СИДА, ОН, ЕУ и на разни хуманитарни организации на меѓународен план.

Би можело да ве интересира

Во Стокхолм: Убиен е татко пред очите на неговиот син

Шведска ја избра песната за Евросонг: победи „Unforgettable“

Шведската полиција уапси четворица терористи

Балтикот стана „НАТО море“ – По 200 години неутралност Шведска стана 32 членка на Алијансата

Шведска е во НАТО, Унгарија даде зелено светло

Шведска: Осум лица хоспитализирани по инцидент во седиштето на шведската служба за безбедност