Пусиќ: Еврото ќе биде воведено кога Хрватска ќе има конкурентна економија

Од:

Првата потпретседателка на хрватската Влада, Весна Пусиќ изјави дека земјата ќе ја задржи куната како средство за плаќање и дека нема да го воведе еврото се додека земјата не стане конкуретна економија. Нејзиниот коментар уследи по изјавата на претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Барозо дека истече рокот на траење на европската монетарна политика.

– Европската монетарна унија воведува повисоко ниво на интеграција… а што се однесува на Хрватска тоа на дневен ред ќе биде по пет години. По влезот во ЕУ, Хрватска ќе ја задржи куната како средство на плаќање и нема да го воведеме еврото се додека не би имале конкурентна економија и додека не бидеме сигурни дека во тие услови можеме да просперираме, посочи Пусиќ.

Таа додаде дека треба да се оди полека, да има солидни подготовки и дури потоа да се преземат обврските.

– Парите кои и се на располагање на Хрватска во седумгодишниот буџет се 15 пати повеќе од парите што земјата можеше да ги користи од претпристапните фондови, а не ги искористи оти не беше земја-членка, наведе Пусиќ.

Би можело да ве интересира

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари