Прво намалување на невработеност во Бугарија по 23 години

Од:

Стапката на невработеност во Бугарија лани во декември забележа прво реално намалување од 1991 година, јави БТА.

Според податоците на бугарската Агенција за вработување, стапката на невработеност минатиот месец изнесувала 10,7 отсто, што претставува намалување за 0,1 процентни поени во однос на ноември 2014 годна. Во декември 2013 невработеноста во Бугарија изнесуваше 11,8 проценти.

Директорот на Агенцијата за вработување, Асен Ангелов на денешната прес-конференција во Софија информира дека во изминативе 23 години пад на стапката на невработност имало и во декемрви 2002 година, но тоа се должело на владините мерки за субвенционирање на вработувањето, при што одреден број невработни добиле работа.

Според Ангелов, во текот на 2014 година бројот на невработни во Бугарија се намалил за околу 50.000 лица. На Бирото за вработивање во декември 2014-та биле регистрирани 351.051 невработен, што е за 2.553 помалку во однос на претходниот месец.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Бугарија гради база за прием на авиони Ф-16

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори