Првиот човек на Регулаторна на „тапет“ пред пратениците

Од:

Димитар Петров, претседателот  на Регулаторната комисија за енергетика, денеска е на тапет пред пратениците.Опозицијата обвинува дека  Димитар Петров е  човек кој на позицијата дојде директно од општинскиот комитет на ВМРО – ДПМНЕ во Кратово.

Пратеничката група на СДСМ и опозициските партнери  поднесоа интерпелација за Петров откако Владата не одговори на барањето на опозицијата за разрешување на сите членови на Регулаторната комисија, поради постојаните поскапувања на струјата и на горивата.

Според СДСМ, Регулаторната комисија со одлуките за поскапување на струјата и на бензините ја предизвикала инфлаторната спирала, така што секојдневно растат цените на основните животни продукти. Регулаторната комисија ги носи одлуките по нарачка на Владата, обвинува опозицијата.

Прашуваат зошто кај нас како во Србија не се врати  евтината дневна тарифа за струјата, како во Франција не се намалат  цените на бензините.

Од ВМРО-ДПМНЕ пак велат дека цената на нафтените деривати е директно поврзана со цената на енергенсите на светските пазари.

Од владејачката партија посочуваат  дека продажбата на ЕСМ е извршена во времето на СДСМ.

Расправата за интерпелацијата треба да заврши на полноќ.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

МЗШВ: Собранието го донесе новиот закон за вино, лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје

Нов парламентарен состав до 28 мај

Катерина Ѓуровски

Бислимоски: Без 200 денари за мрежарина, граѓаните ќе имаа поскапи прв блок и евтина тарифа за 15 отсто

Орце Костов

Последната седница на овој парламентарен состав ќе се одржи до крајот на месецов

Не е донесен Законот за игри на среќа, постапката заврши

Катерина Ѓуровски