Дваесет и двајца реномирани производители на автоделови од Европа, најголем дел од Германија, денеска се претставија на првиот Саем за автоделови во Македонија.
Саемот е наменет за продавници за автоделови од разни градови од државата, сервисери на моторни возила и компании и поединци кои поседуваат возен парк и имаат потреба од квалитетен сервис на автоделови.
Организатори на настанот се дистрибутерите на авто делови, Мега Ауто Партс, Крис и Том и СР Мега Ауто, членки на GAU International.
Мотивот за организирање, како што соопштија, е претставување на најновите автоделови од автомобилската индустрија, пред се квалитетни авто производи кои обезбедуваат поголема безбедност, сигурност и подобри перфоманси на автомобилите и останатите моторни возила, а кои се увезуваат во Македонија.