Прв меѓународен камп за мобилни апликации и бизниси

Од:

Прв меѓународен камп за мобилни апликации и бизниси ќе се одржува на Скопски саем од денеска до 2 декември, во организација на Фондацијата Претприемачки сервис за млади и во соработка со Swedish Trade Council.

Ќе учествуваат  над 70 млади програмери и бизниси од Македонија на кои ќе им се приклучат повеќе од 50 програмери од Балканот и од Централна Европа.

На отворањето ќе се обрати министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски, а заменик министерот Марта Арсовска Томовска ќе има излагање на панел-дискусијата на тема „Можности за мобилни start-up“.

За време од тридневниот камп учесниците ќе бидат менторирани од  успешни бизнисмени и експерти од областа на мобилни технологии, меѓу кои Тим Џексон (ко-основач на QXL – бизнис вреден 2 милијарди долари), Мајкл Гинберг (основач на мрежата на бизнис ангели SMART Angel Investor од Гибралтар) и Филип Кандал (ко-основач на skobbler, компанија со над 3.000.000 корисници на мобилните апликации), Мико Терхо (директор на истражувачкиот Центар на Нокиа од Финска).

Би можело да ве интересира

ЦУК: Куче паднало во шахта и ги изгризало оптичките кабли, без интернет биле „Филип Втори“ и Поликлиника „Букурешт“

А1он

(ВИДЕО) Дел од профилите кои регрутираат граѓани за големата интернет измама за пари веќе не се активни, струмичката СмартКлик пријавила злоупотреба на името

Александар Тодески

(ВИДЕО) Масовна измама на интернет во Македонија, се нуди брза заработка

Александар Тодески

Ковачевски: Во Северна Македонија 83 отсто од домаќинставата имаат пристап до широкопојасен интернет

Горан Наумовски

Прекин во мрежата на Телеком: „Градежни работи ги оштетиле каблите на различни локации“

А1он

Падна Gmail: Корисниците ширум светот пријавуваат проблем

Ана Ололовска