Прв меѓународен камп за мобилни апликации и бизниси ќе се одржува на Скопски саем од денеска до 2 декември, во организација на Фондацијата Претприемачки сервис за млади и во соработка со Swedish Trade Council.
Ќе учествуваат над 70 млади програмери и бизниси од Македонија на кои ќе им се приклучат повеќе од 50 програмери од Балканот и од Централна Европа.
На отворањето ќе се обрати министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски, а заменик министерот Марта Арсовска Томовска ќе има излагање на панел-дискусијата на тема „Можности за мобилни start-up“.
За време од тридневниот камп учесниците ќе бидат менторирани од успешни бизнисмени и експерти од областа на мобилни технологии, меѓу кои Тим Џексон (ко-основач на QXL – бизнис вреден 2 милијарди долари), Мајкл Гинберг (основач на мрежата на бизнис ангели SMART Angel Investor од Гибралтар) и Филип Кандал (ко-основач на skobbler, компанија со над 3.000.000 корисници на мобилните апликации), Мико Терхо (директор на истражувачкиот Центар на Нокиа од Финска).