Просечен Чех должи 4.435 евра

Од:

Задолжувањето на Чесите постојано се зголемува и во просек секој чешки жител на банкарските институции им должи 110.866 круни (4.435 евра), соопшти Чешката народна банка (ЧНБ).

Како што јави дописникот на МИА од Прага, најголемиот дел од долговите претставуваат хипотеките, кои аналитичарите ги сметаат за „разумни“ задолжувања и инвестирања во иднината.

Следствено, вкупното ниво на задолженост на чешките домаќинства се смета за релативно безбедно, како од перспектива на клиентите така и на банките. Во споредба со истиот период минатата година, долговите на Чесите се зголемиле за 3,69 проценти односно за 1,66 милијарди евра.

Значително поштедливи биле домашните компании чиј долг во банките во април наспроти претходните месеци се намалил за 544 милиони евра на 38,7 милијарди евра иако споредено со април ланската година вкупниот долг на чешките фирми пораснал за 586 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Петр Павел: Мора да бидеме подготвени за тоа дека САД ќе не остават на цедило

А1он

Чешка: Русија ќе се појави на границата доколку Украина ја загуби војната

Чешка Влада: Со штедење и ако биде блага зимата земјата ќе има гас до следното лето

Ана Ололовска

Руска нафта повторно се испорачува за Унгарија, Словачка и Чешка

Ана Ололовска

Средба на раководствата на македонското и чешкото Министерство за внатрешни работи

А1он

Чешко МНР: Бугарските барања во заклучоците му штетат на проширувањето на ЕУ

Жарко Настоски