Прометот во индустријата во март зголемен за 3,8 проценти

Од:

Прометот во индустријата во март годинава бележи пораст од 3,8 проценти во однос на истиот месец 2013 година, објави денеска Државниот завод за статистика.

Пораст од 27,7 проценти е забележан кај прометот во индустријата остварен на странски пазари, додека кај прометот во индустријата остварен на домашниот пазар има опаѓање од 16,7 проценти.

Гледано по сектори, кај Рударство и вадење камен има зголемување од 0,6 проценти, а кај Преработувачката индустрија од 14,4 проценти.

Според главните индустриски групи, пораст има кај Интермедијарни производи, освен енергија за 11,4 отсто и Капитални производи за 57,2 отсто, а опаѓање кај Енергија за 94,3 отсто, Трајни производи за широка потрошувачка за 12 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2,2 отсто.

Во однос на февруари годинава, прометот во индустријата бележи зголемување за 4,5 проценти, додека во периодот јануари-март во однос на истиот период 2013 година има зголемување за 1,4 отсто.

Би можело да ве интересира

За една година затворени 14 училишта во Македонија: Намален е бројот и на паралелки и ученици

Александар Тодески

Зголемен бројот на работниците во индустријата

Лани поднесени обвиненија за половина од примените пријави за злоупотреба на лични податоци

Александар Тодески

Пад на индустриското производство во јули

Горан Наумовски

Негативен природен прираст во 2022 година

А1он

Зголемен бројот на туристи