Зголемен бројот на туристи

Од:

Во земјава во април годинава се евидентирани 69.934 туристи, од кои 25.8 % се домашни туристи, а 74.2 % се странски, соопшти Државниот завод за статистика.

Бројот на ноќевањата во април 2023 година изнесува 130.702, од кои 28.4 % се од домашните туристи, а 71.6 % од странските.

Во периодот јануари – април годинава, во однос на истиот период лани, бројот на туристите е зголемен за 24.3 %. Кај домашните туристи има намалување за 3.6 %, а кај странските зголемување за 46.1 %.

Кај ноќевањата, пак, има вкупно зголемување за 13.6 %. Кај домашните туристи е регистрирано намалување за 4.8 %, а кај странските раст од 29.0 %.

Би можело да ве интересира

Помалку издадени одобренија за градба во мај

Горан Наумовски

Вкупниот прометот во индустријата во април намален за седум отсто

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

За една година затворени 14 училишта во Македонија: Намален е бројот и на паралелки и ученици

Александар Тодески

Лани поднесени обвиненија за половина од примените пријави за злоупотреба на лични податоци

Александар Тодески

Бројот на туристи лани зголемен за 20.6% во споредба со 2022 година