Проект за ревитализација на излозите на Скопската, Битолската и Охридската чаршија

Од:

Министерството за економија со средства во износ од 16,5 милиони денари ќе го враќа стариот сјај на Скопската, Битолската и Охридската чаршија. Во Скопската чаршија ќе се ревитализираат излозите на 115 дуќани, во Битолската на 38, а во Охридската на седум дуќани.

– На јавниот повик што го објавивме пристигнаа 182 апликации од кои 160 ги исполнија условите. Од нив 115 во Скопската, 38 во Битолската и седум во Охридската чаршија, а за жал немаше ни една апликација од Струшката чаршија, рече министерот за економија Крешник Бектеши пред денешното потпишување на договорите со општините Центар, Чаир, Битола и Охрид за доделување средства од Проектот за ревитализација на излозите на дуќаните во чаршиите.

Предвидено е општините да го реализираат проектот во период од една година од потпишувањето на договорот, а средствата што евентуално ќе останат треба да се вратат во Буџетот на Република Македонија, доколку, пак, се неопходни повеќе средства општините треба да ги предвидаат во своите буџети за наредната година. Ниту еден од дуќанџиите нема да има обврска да вложи сопствени средства за реализација на проектот во кој се предвидени пари и за целокупната документација.

– Според нашите анализи не веруваме дека ќе чини повеќе од предвидените средства за секоја општина. Иако проектот завршува, како Министерство сме подготвени да го прифатиме секој интерес што ќе го прикажат дуќанџиите во Струга или било каде за да ги ставиме во рамки на овој проект во следното буџетирање, рече Бектеши.

Во Старата скопска чаршија, додаде, имаме одлична соработка со општините Чаир и Центар и догворено е во 115-те дуќани што ќе се реализираат со овој проект да не влегуваат дуќани што е предвидено да се унифицираат во проекти што ги имплементираат општините што се реализираат со други средства од Министерството или со грантови.

Градоначалникот на општина Чаир Висар Ганиу посочи дека проектот ќе придонесе за развој на туризмот и за локалната економија, но, како што рече, најбитно е што ќе ја зачува автентичноста на чаршиите.

– Убеден сум дека овој проект ќе придонесе да се зголеми бројот на туристи во Старата скопска чаршија. Во иднина ќе предвидиме и други слични проекти во интерес на занаетчиите во чаршијата, но и да го зачуваме културното наследство, рече Ганиу и додаде дека општина Чаир веќе конкурирала и добила грантови за развој на чаршијата од фондации.

Министерството проектот за ревитализација на излозите на дуќаните го започна во 2015 година во Старата скопска чаршија со уредување на 11 излози во Блок 3,2. Во 2016 година проектот продолжи со уредување на комплетниот Блок 3,2 во Старата скопска чаршија каде беа отстранети пластичните и алуминиумските излози и заменети со автентични дрвени излози. На дрвена платформа беа унифицирани и натписите на дуќаните, беа поставени исти тенди во различни бои за да се раазликуваат дуќаните еден од друг, а во некои дуќани беа поставени и дрвени кепенци. Со тоа се врати стариот изглед на овој дел од Скопската чаршија. Во 2017 година проектот беше проширен и на Битолската и Охридската чаршија, а интерес не пројавија дуќанџиите од Струшката чаршија.

Би можело да ве интересира

Левица: Во јадрото на Старата струшка чаршија се гради незаконски без одобрение за градба

Горан Наумовски

ВИДЕО: Рекорд без автомобили – Кога Скопје ќе ја добие ветената најголема пешачка зона во Европа?

Владата го прогласи Куршумли Ан за културно наследство од особено значење

А1он

Непознати лица се обиделе да запалат кафеана во Чаршија, ама не успеале

Жарко Настоски

Конзервација и реставрација на излозите и рекламите на 18 дуќани во Стара скопска чаршија

Ана Ололовска

Министерство за култура: Запазени се сите законски постапки за Старата скопска чаршија

А1он