Министерство за култура: Запазени се сите законски постапки за Старата скопска чаршија

Од:

Министерството за култура денеска соопшти дека изведувањето на работите на непосредна заштита на културното наследство на Старата Скопска Чаршија се прави во согласност со стандардите за заштита и оти притоа се запазени сите постапки од законот за нејзино прогласување за културно наследство од особено значење.

-Согласно добиените извештаи од НУ Конзерваторски центар – Скопје, како установа под надлежност на Министерството за култура, како и од УЗКН, во конкретниот случај се запазени сите постапки утврдени со Законот за прогласување на Старата Скопска чаршија за културно наследство од особено значење.
Изведувањето на работите на непосредна заштита на културното наследство на Старата Скопска Чаршија се изведува во согласност со стандардите за заштита, се вели во соопштението од Министерството за култура.

Од оваа институција, реагирајќи, на како што посочуваат, написите во медиумите и реакциите на политичките партии поврзани со Старата Скопска Чаршија, информираат дека заедно со Управата за заштита на културно наследство (УЗКН) се одговорни за заштита на недвижното и движното културно наследство во Република Северна Македонија.

-Управата за заштита на културно наследство и Национална установа Конзерваторски центар–Скопје како надлежни установи, меѓу другото, соработуваат за активности поврзани со конзервација и развој на културно наследство. Во согласност со Законот за прогласување на Старата Скопска Чаршија за културно наследство од особено значење, член 9, Националната установа – Конзерваторски центар-Скопје е одговорна за преземање на заштитно-конзерваторски мерки за секоја активност во Старата Скопска Чаршија. Управата за заштита на културно наследство издава одобрение врз основа на претходно издадени конзерваторски услови од страна на Национална установа Конзерваторски центар-Скопје како дел на техничка документација, посочуваат од Министерството за култура.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Рекорд без автомобили – Кога Скопје ќе ја добие ветената најголема пешачка зона во Европа?

Владата го прогласи Куршумли Ан за културно наследство од особено значење

А1он

Непознати лица се обиделе да запалат кафеана во Чаршија, ама не успеале

Жарко Настоски

Конзервација и реставрација на излозите и рекламите на 18 дуќани во Стара скопска чаршија

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Попова: Ако се е по пропис, зошто шверцерски се тргна калдрмата и се гради бетонско здание од некогашната Менада

Ана Ололовска

Градежните работи во Старата чаршија предизвикаа реакции во јавноста, надлежните смируваат дека се е регуларно

Ана Ололовска