Продолжува трендот на намалување на невработеноста

Од:

Најновите податоци на Агенцијата за вработување на Република Македонија покажуват дека во државата има 245.122 невработени лица и во однос на октомври 2012 и на ноември претходната година бележи намалување.

Во однос на октомври 2012 година бројот на  невработени е намален за 1.719 лица, а во однос на ноември 2011 година намалувањето е за 38.114 лица.

Бројката на невработени со која заврши 2011 година, според евиденцијата на Агенцијата за невработени е 281.144 невработени лица.

Најновите податоци, заклучно со 30 ноември 2012 година, покажуваат дека најмногу невработени има во Скопје 48.451 лице, следи Тетово со 21.311, Куманово со 19.671, Битола со 15.393, Струмица со 13.699, Велес 11.219… Најмал број 1.616 невработени лица се евидентирани во Демир Хисар.

Би можело да ве интересира

Османи: Сестра ми работи во М-НАВ веќе 15 години, за критериумите прашајте ги таму

Влада: Над 4.800 нови работни места во ТИРЗ за три години, во октомври рекордно 17.769 вработени граѓани

Новиот поткаст: „Што го врти светот?“ со Јована, почнува денеска во 20 часот

Груби ги кани невработените да се запознаат со работата на „Бехтел и Енка“, а тие уште не почнале да градат

A1on

Невработеноста во еврозоната на рекордно ниско ниво од 6,5 проценти

А1он

Евростат: Стапката на невработеност во ЕУ е шест проценти