Продажбата на паметни телефони во Кина опадна за повеќе од една третина

Од:

Продажбата на паметните телефони во Кина опадна за повеќе од третина во јануари 2020 година, според денешните податоци на кинеската Влада, што покажуваат колкава штета носи епидемијата на коронавирусот на потрошувачкиот пазар.

Кина кон крајот на јануари започна да воведува ограничувања за патувања и да апелира до граѓаните да избегнуваат јавни места, непосредно пред почетокот на празнувањето на Лунарната или Кинеска Нова година, сезона на празнични патувања во Кина.

Во јануари во Кина биле испратени вкупно 20,4 милиони од сите бредндови на паметни телефони, што е за 36.6 отсто помалку во однос на 32.1 милиони уреди во истиот месец 2019 година, покажуваат податоците на кинеската Академија за информации и комуникациска технологија.

Аналитичарите предвидуваа голем пад на продажбата на почетокот на 2020 година, а истражувачките компании ИДЦ и Каналис претходно месецов прогнозираа  дека испораката на паметните телефони во првиот квартал годинава ќе се намали за околу 40 отсто, поради епидемијата на коронавирус што го погоди пазарот и предизвика проблеми во синџирот за снабдувања.

Најмногу опадна продажбата на брендовите со оперативен систем Андроид, на 18.1 милиони единици, од 29.9 милиони продадени во јануари минатата година.

Продажбата на производите на Епл го задржа нивото на нешто повеќе од  два милиони единици.

Аналитичарите истакнауваат дека и покрај тоа што Епл ги затвора продавниците во Кина, Ајфон 11, што беше пуштен во продажба кон крајот на минатата година, се уште е еден од најпродаваните телефони на кинескиот пазар.

 

Би можело да ве интересира

Кинескиот потпретседател Хан Женг ќе присуствува на инаугурацијата на Трамп

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бројот на загинати во земјотресот во Тибет се искачи на 126

Горан Наумовски

Кинеска вселенска ракета експлодираше откако беше лансирана

Горан Наумовски

Кина распоредува голем број бродови околу Тајван

Горан Наумовски

Во Грција повеќе од 10.000 ученици се суспендирани поради користење на мобилни телефони за време на часовите

Кинескиот министер за одбрана под истрага за корупција