Пред членките на Стопанската комора на Македонија денеска ќе бидат презентирани можностите за финансиска поддршка за отворање нови работни места преку мерките и програмите за бизнис секторот, а во рамки на Оперативниот план на активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2017 година.
На презентацијата најавено е обраќање на министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, постојаната претставничка на Програмата за развој на Обединетите нации, Луиза Винтон, директорката на Агенцијата за вработување на Република Македонија, Билјана Јовановска и оперативната директорка на Организација на комората Елена Милевска Штрбевска.