Има интерес за инвестиции во електрани на обновливи извори, државата да создаде услови за реализација

Од:

Ако ги затвориме сите електрани во земјава кои при производството на струја емитираат јаглерод диоксид, ќе мора да увезуваме 67 проценти од потребната електричната енергија за што годишно ќе трошиме по 187 милиони евра, беше речено денеска на прес-конференција во Стопанската комора на Македонија.

Според Комората, мора да се фокусираме на производство на електрична енергија од обновливи извори. За изградба на 200 вакви електрани ќе ни требаат 400 милиони евра. Притоа, 200 милиони евра би бил обртот на градежните компании кои ќе се вклучат во овој процес.

-Кај инвеститорите, и странските и домашните, има интерес за вакви електрични централи. Потребно е само државата да создаде услови за нивна изградба, како во цел западен свет, истакна претседателот на Групацијата за обновливи извори на енергија, Тодор Анѓушев.

Моментно, во земјава, од постојните електрани, 64 отсто не користат обновливи извори на енергија. Лани сме потрошиле вкупно 7018 гига ват часови електрична енергија, 74 отсто од домашно производство, а останатите количини се увезени. Производството, пак, изнесувало 5164 гига ват часови од кои само 25 проценти биле преку обновливи извори. Во земјава засега има 276 електрични централи од кои три биогасни, една ветерна и 155 фотоволтаици.

Би можело да ве интересира

Ковачевски: СДСМ заедно со бизнис секторот ќе ја исполни целта за европска и развиена економија

Стопанската комора поднесе Иницијатива за уставноста на Законот за данок за солидарност

Стопанската комора со сет барања за дополнителна поддршка на домашниот агросектор

Стопанска комора ќе бара од ЕУ да ги пролонгира роковите за одредени стандарди и регулативи кај бизнисот

Горан Наумовски

Стопанска комора: Владата го повлече Предлог-законот за данок на солидарност, но бараме целосно да се стопира неговото донесување

Стопанска комора: Обемот на соработката во регионот се намалува, компаниите во многу тешка позиција поради неизвесноста