Преспанското крајбрежје полно, потребни се сместувачки капацитети

Од:

Преспанското крајбрежје и оваа туристичка сезона има максимална посетеност. Туристичките капацитети иако во мал број исполнети се до последното легло.

Градоначалникот на општина Ресен Живко Гошаревски оцени дека Преспа најпосетена е за викендите и празниците, кога се бара легло повеќе. Но, на крајбрежјето редовни се дневните гости, кои уживаат во убавините и бенефитите што ги нуди Преспанското Езеро.

Тој смета дека потребно е зголемување на сместувачките капацитети, со што, како што истакна во рагзовор за МИА, значително ќе се подобрат условите за туристите, а со тоа очекува повеќе туристи наредната сезона.

– Мал е бројот на сместувачки капацитети каде подолго би престојувале туристи. Мора да менуваме нешто во тој дел, секако создавање на предуслови за влез на странски инвеститори, расположени да градат покрај Преспанското Езеро. Ние години наназад имаме дневни гости, со акцент на поголема посетеност за време на викендите. Тоа не е доволно, ако се знае, дека пред години во туризмот работеле над 1.000 луѓе, подвлече Гошаревски.

Очекува повеќе инвестиции на преспанското крајбрежје и зголемување на бројот на леглата за наредната туристичка сезона.

– Моментално во општина Ресен има 400 легла во хотелско сместување и 157 легла во сместувачки капацитети кај физички лица. Се надеваме дека за наредната туристичка сезона овие капацитети ќе се зголемат барем за 10-15 отсто со помош на странски и домашни инвестиции. Очекуваме инвестиции што ќе придонесат и за подобрување на водоснабдувањето и инфраструктурата во селата кои гравитираат околу и на самото преспанско крајбрежје, со што значително ќе се подобрат условите за туристите, а со тоа се надеваме дека во текот на наредната сезона ќе имаме зголемен број туристи, рече Гошаревски.

Општината, информира, има изготвено Програма за поттикнување на туризмот, која предвидува урбанизирање на делови од крајбрежјето, изградба на водоводни системи за дел од одморалиштата кои имаат проблеми со водата, чистење на плажите, воведување комунален ред, асфалтирање на пристапни патишта….

– За развој на туризмот, покрај природните убавини кои ги имаме во изобилие, многу важна е и инфраструктурата, која ќе им се понуди на инвеститорите и на туристите, додаде ресенскиот градоначалник.

Гошаревски ги спомена и одморалиштата, кои заради нерасчистено имотно-правни односи се оставени на забот на времето и ја нагрдуваат сликата за Преспа.

Би можело да ве интересира

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ

Трипуновски: Работиме преспанското јаболко да остане бренд и да имаме што повеќе задоволни земјоделци

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Дали сте спремни за продолжениот викенд?

Предраг Петровиќ

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

Англиски турист ги осквернави фреските во Помпеја: „Сакав да оставам трага од мојата посета“

Предраг Петровиќ