Преспа величествена убавица дава можности за развој на здравствен туризам

Од:

Со својата природна убавина, езеро, планини, национални паркови, богато културно наследство и потенцијал за рурален туризам, Преспа станува магнет за туристите.

Преспанското крајбрежје, иако најпосетено за викендите и празниците, сместувачките капацитети беа целосно исполнети и во текот на целата туристичка сезона. Се поголем интерес има за алтернативниот, односно руралниот туризам и зголемената посетеност на селата Брајчино, Љубојно и Коњско.

– Овие населени места изобилуваат со прекрасна природа, имаат се што им треба на гостите. Ресторани и кафулиња, пристапни патишта, вода…, како и сместувачки капацитети за подолг престој, информира градоначалникот на општина Ресен Живко Гошаревски.

Оптшина Ресен, нагласи тој, подготви Програма за поттикнување на туризмот, со која се опфатене повеќе населени места од крајбрежјето.

– Преспа го има прекрасното езеро, планини, граничи со двата национални парка Пелистер и Галичица, богато културно наследство, Сарајот – единствена градба од неокласичен стил во поширокиот регион, Орнитолошкиот резерват, планински села со пејсажна убавина и уште многу работи кои придонесоа за развој на алтернативен туризам, вели Гошаревски за МИА.

Дел од Преспа, додаде, претставува воздушна бања, потсетувајќи на Заводот за рехабилитација на респираторни заболувања.

– Климата е одлична, има воздух богат со радон, одлично опкружување, се потребно за развој на здравствен туризам. Годинава Заводот ќе се реновира, а со помош на централната власт треба да се афирмира и надвор од границите на Македонија, подвлече ресенскиот градоначалник.

Еден од приоритетите за него е и отворањето на граничниот премин „Маркова нога“ кон соседна Грција.

– Тоа ќе биде од витално значење за промовирање на Преспа на туристичката карта како регион без граници. Посетителите да уживаат подеднакво и во убавините на Преспа од македонскиот дел, но и во оној од грчка и албанска страна. Пограничните градови да изградат единствена туристичка понуда со што Преспа ќе се афирмира подалеку од границите на матичните држави, рече Гошаревски.

Би можело да ве интересира

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ

Трипуновски: Работиме преспанското јаболко да остане бренд и да имаме што повеќе задоволни земјоделци

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Дали сте спремни за продолжениот викенд?

Предраг Петровиќ

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

Англиски турист ги осквернави фреските во Помпеја: „Сакав да оставам трага од мојата посета“

Предраг Петровиќ