Прераспределба на Буџет: За повисоки плати на функционери 11,7 милиони евра, а за книги и лекови само 2,8 милиони

Од:

Зголемување на ставката плати во јавниот сектор за 4,25 милијарди денари, дополнителни 3,5 милијарди денари за раст на пензиите, дополнителни 800 милиони денари за земјоделски субвенциии, дополнителни средства за здравството и образованието. Ова се само дел од проекциите предвидени со Одлуката за прераспределба на годинашниот Буџет што ја донесе Владата на денешната седница.

Бесими подвлече дека не станува збор за ребаланс, бидејќи, како што рече, до крајот на годината се очекува реализација на приходната и расходната страна во ист номинален износ, како што е проектирано со Буџетот за 2023 година.

-Предлагаме прераспределба, а не ребаланс. Прилагодувањата се направени преку реалокација на средствата од позиции каде има послаба динамика и каде процесите дозволуваат да се направат прераспределби, кон позиции каде преземавме обврски – како покачување на платите во јавниот сектор и исплата на К-15, ново покачување на пензиите за пензионерите, повеќе средства за социјална помош, за набавка на лекови, за субвенции за земјоделците, како и за деветиот пакет на антикризни мерки кој Владата наскоро ќе го објави.

Тој детално ги образложи проектираните прераспределби.

-Ставката плати во јавниот сектор ја зголемуваме за 4,25 милијарди денари и тоа околу три милијарди денари за зголемување на платите за 10 отсто од месец септември 2023 година и исплата на регрес за годишен одмор во висина од 10 000 денари во нето-износ, согласно одредбите од Општиот колективен договор. Од овој износ, околу 1,4 милијарди денари се за 50 000 вработените на централно ниво и фондовите, 1,1 милијарда денари се за 36 000 вработените на локално ниво и 500 милиони денари се за 20 000 вработените во здравствените установи. Односно, вкупно за 106 000 вработени во јавниот сектор. Гледано во структура, околу 1,8 милијарди денари се за зголемување на платите за исплата на преостанатите плати годинава, додека околу 1,2 милијарди денари се за исплата на регрес за годишен одмор.

За покачувањата на платите на 1.000 функционери, односно 450 судии, 150 обвинители, 120 пратеници, 50 правобранители, владини функционери-министри, директори, предвидени се 720 милиони денари. За усогласување на платите со порастот на минималната плата во текот на 2023 година предвидени се 480 милиони денари, информира Бесими.

Се обезбедуваат, додаде, и дополнителни 3,5 милијарди денари за 336 илјади пензионери за пораст на пензиите за околу шест отсто, почнувајќи од септември 2023 година.

-Се дообезбедуваат и 600 милиони денари за редовно сервисирање на обврските кон вториот пензиски столб. Притоа, за исплата на социјалните права за 36.000 корисници на гарантиран месечен приход планирани се дополнителни 600 милиони денари, а ова зголемување се должи по основ на повисока реализација заклучно со август. Кај земјоделски субвенции алоцирани се дополнителни 800 милиони денари наменети за субвенциии за млеко, сточарско производство, дел и авансно финансирање на земјоделците за растително и сточарско производство. Исто така за Агенција за хана и ветеринарство за справување со африканска чума на фарма АГРИЈА на 9 151 грла планирани се неопходните 110 милиони денари, нагласи Бесими.

Според него, иако категоријата Стоки и услуги се намалува како удел во буџетот во 2023 година во споредба со минатата (од 8 на 7,3 проценти), обезбедени се дополнителни средства за здравството и образованието.

-За набавка на лекот Трикафта за 55 пациенти во износ од 100 милиони денари, за дигитални сензори за мерење на шеќерна болест 20 милиони денари, за дополнителни средства за редовно сервисирање на породилните боледувања 200 милиони денари, како и за превод и печатење и откуп на учебници за основно и средно образование дополнителни 166 милиони денари, рече Бесими.

Планирани се и дополнителни 290 милиони денари за 29 000 корисници на студентски оброк, за 6 900 стипендисти студенти и за 9 600 ученици стипендисти.

Како што истакна министерот, со прераспределбата, за исплата за трет квартал од МОЈ ДДВ се планирани дополнителни 650 милиони денари, поради покачувањето на лимитот за поврат. Направени се и дополнителни алокации за државна помош за компании во износ од 1,081 милијарди денари, и тоа за странски компани 581 милион денари, за домашни компани 200 милиони денари и за ТИРЗ 300 милиони денари.

Министерот за финансии Фатмир Бесими денеска соопшти дека Владата набргу ќе го објави деветиот пакет антикризни мерки за кои засега има 4,55 милијарди денари.

-Ова значи дека продолжува субвенционирањето на електричната енергија за домаќинствата и парното греење во делот на ЕСМ. Има доволно средства, работиме на деветиот пакет антикризни мерки. Дополнително ќе се оди со таргетирање до крајот на годината, за поддршка на најранливите категории, информира Бесими на прес-конференција во Владата откако информира дека е донесена Одлука за прераспределба на Буџетот.

Би можело да ве интересира

Николовски: Во Буџетот има помалку пари за земјоделците за 15% и 10 пати помалку пари за рурален развој

Втор ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Почнува амандманска расправа за Предлог – буџетот за 2025 на Комисијата за финансирање и буџет

Лефков: Во Буџетот за 2025 година 25 проценти повеќе пари за здравството од оваа година

Продолжува комисиската расправа за Предлог – буџетот за 2025 година

(ВИДЕО) Лефков: Владата на ВМРО-ДПМНЕ предвидува 3 милијарди денари повеќе во Буџетот за образование