А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

СДСМ: Трошоците за живот растат, платите стагнираат

by А1он23/04/2025 - 08:49163
Share0

Ниту со 2,5 минимални плати денес граѓаните не може да ги покријат трошоците за основните месечни потреби. Синдикалната минимална кошничка е покачена за нови 836 денари и достигна рекордно високо ниво: едно четиричлено семејство има потреба од најмалку 62.700 денари месечно за да го преживее месецот, велат од СДСМ.

Следете a1on на Instagram Instagram

„Трошоците за живот растат, платите стагнираат. Само за храна и пијалаци се потребни над една третина од вкупниот износ на синдикалната кошничка. Владата нема никаков економски резултат и очигледно не ја интересира воопшто стандардот на граѓаните, освен нивниот личен интерес. Додека власта се луксузира со папаја, манго, и аспарагус граѓаните се доведени до точка кога мора да избираат – дали да купат храна, да платат сметки или да се лекуваат.

Ова не се само статистички податоци, ова е сурова реалност и директен удар врз секое семејство, системско осиромашување на народот. Ова е резултат на неспособноста и дебаклот на промашените економски политики на Владата на ДПМНЕ и Мицкоски. СДСМ ќе продолжи гласно да ја разобличува катастрофалната економска политика на оваа власт и ќе се бори за реални решенија кои ќе им помогнат на граѓаните да се справат со кризата што ја создава неспособноста на Владата, велат од партијата.

platisdsm

Би можело да ве интересира

Филипче: Нема да дозволиме изборна кражба!

А1он29/06/2026 - 20:1729/06/2026 - 20:17

ВИДЕО: И СДСМ ќе го блокира Изборниот законик, Филипче вели дека отвора врата за изборна кражба

Катерина Ѓуровски29/06/2026 - 14:46

Димитриевски: СДСМ е друштво во стечај, координирано од Струмица, а ликвидаторот е Венко Филипче

Предраг Петровиќ28/06/2026 - 17:12

Буџетот е празен – нема да има пари за пензии, загрозен е и вториот столб

Предраг Петровиќ28/06/2026 - 13:05

СДСМ: Мицкоски прави ЗНАМ 2.0 – Театар со караван додека се делат тендери

Предраг Петровиќ28/06/2026 - 10:08

СДСМ: Нов скандал во Владата – Јанушев поврзан со фирма во Бугарија?

Катерина Ѓуровски23/06/2026 - 11:54
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто