Преодната влада на Бугарија ќе земе само едeн од седумте танкери со гас договорени од Петков

Од:

Вршителот на должноста министер за енергетика на Бугарија, Росен Христов, на брифинг најави дека само еден танкер за течен гас на американската компанија „Шиниер“ ќе купи „Булгаргаз“ и тоа ќе биде за октомври.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, повикувајќи се на Христов, одбиени се преостанатите шест од седумте танкери договорени за време на редовната влада на Бугарија на Кирил Петков.

Понудата на американската компанија „Шиниер“ за танкерите истече вечерва. Купувањето само на еден танкер е затоа што е договорено само едно место за истовар и тоа е на терминал во Турција.

Христов му се заблагодари на „Шиниер“ за нивната флексибилност бидејќи не ја променија понудата иако танкерот беше еден, како и на заменик-министерот за енергетика на Турција Бајрактар ​​за нивната помош во обезбедувањето слот на терминалот за негово истовар.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Седуммина мртви во превртениот танкер кај Јапонија

ВИДЕО: Кај Јапонија се преврте танкер

Катерина Ѓуровски

Путин: Украина се уште добива пари од Русија за транзит на руски гас во Европа

Пентагон: Дрон од Иран погоди танкер во Индискиот Океан

Владата преговара со Американци кои треба да инсталираат гасни постројки во РЕК Битола

Орце Костов

Русите ќе градат голем објект на истокот на БиХ, во Република Српска