Премиерот Заев со претставници на Светска Банка: Напредокот на Македонија ќе биде силно поддржан од Светска Банка

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев денеска се сретна со регионалната директорка на Светска банка за Западен Балкан, Линда Ван Гелдер, која беше придружувана од Марко Мантованели, директор на Светска банка за Македонија.

Директорката Ван Гелдер ја изрази силната поддршка што Светска банка ќе продолжи да ја дава за напредок и развој на земјата и во таа насока беше констатирано дека со економскиот тим на владата ќе се работи на утврдување и на поткрепа на краткорочните приоритети на Република Македонија.

На средбата со претставниците на Светска банка се разговараше за поддршка на системот на менаџирање со јавните финансии, за конкурентноста на економијата, за енергетската ефикасност, како и за поддршка за раст и развој на домашните фирми за да отвораат нови добро платени работни места.

„За да спречиме масовно иселување на младите луѓе со ребалансот на буџетот определивме финансиски средства за проектот „Гаранција за млади“ преку кој државата ќе обезбеди вработување, тренинг или обука за младите луѓе по завршување на нивното високо образование. Тоа значи дека фирмите ќе добијат директна финансиска поддршка од државата за да отвораат можности за работа, напредок и живот на младите луѓе во Македонија“, информираше премиерот Заев.

Претставниците на Светска банка изразија силна поддршка за економските политики на владата и заеднички беше оценето дека по завршувањето на политичката криза, со реформските процеси од „План 3-6-9“ се отвораат нови можности за економски раст и развој на Македонија.

Би можело да ве интересира

Елиминирањето на конкуренцијата во изборот за универзален снабдувач граѓаните ќе ги чини стотици милиони евра повеќе за сметки за струја

А1он

Универзалниот снабдувач избран без да се овозможи конкуренција, граѓаните ќе плаќаат милиони евра повеќе за струја

А1он

Средби со Светска банка: Светска банка со поддршка на реформските активности на Народната банка за пристапување кон СЕПА

Николоски на средби во СБ – Продолжуваме со спроведување на реформите дефинирани со нашите партнери, 695 милиони долари поддршка од СБ

Влада: Веднаш по изборите да се подготват законски решенија за статусот на специјализантите по медицина

Штрајк на приватните специјализанти: Работиме 24 часа за 26.000 денари, а немаме ниту здравствено

Орце Костов