Повик за изразување интерес за проектот „Гаранција за млади“

Од:

Во тек е повикот за изразување интерес за учество во проектот „Гаранција за млади“, што го реализираат Министерството за труд и социјална политика заедно со Агенцијата за вработување и Националниот младински совет.

– Станува збор за активна мерка за вработување на млади лица која се спроведува во државите од Европската Унија од 2012 година. Македонија ја имплементира оваа програма во пилот фаза која започнува во 2018 година. Гаранцијата за млади им гарантира на младите лица дека во период од четири месеци како тие ќе се пријават во Агенцијата за вработување кариерните советници ќе ги упатат во некоја од мерките што ги нуди Гаранција за млади, соопшти денеска Националниот младински совет.

Во пилот фазата за имплементација на програмата се вклучени општините од Скопје, општина Струмица и општина Гостивар.

Мерката е отворена за сите млади на возраст до 29 години кои се невработени и веќе го завршиле своето образование (средно училиште или факултет).

Во секоја од општините (Град Скопје, Струмица и Гостивар) кои се вклучени во имплементација се ангажирани по двајца теренски работници кои имаат основна задача да им ја претстават Гаранцијата за млади на младите лица и да им го помогнат процесот да пристапат до Агенцијата за вработување.

Кариерните советници од Агенцијата за вработување, врз основа на искуството на младите лица кои ќе се пријават, заедно со нив ќе ја изберат онаа мерка која е најсоодветна за нив.

Кариерните советници од Агенцијата за вработување и теренските работници поминаа низ процес на учење составен од обуки за кариерен развој на млади како иучење за добрите практиките со кои европските држави се служеле во текот на имплементацијата на програмата. Поради оваа причина, младите лица кои се заинтересирани за вклучување во оваа програма може да се обратат директно до теренските работници кои понатаму ќе ги упатат до соодветниот центар за вработување.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрова: Бесими незаконски потпишал согласности за 3.000 вработувања во државни институции

Горан Наумовски

Една четвртина од младите се пречесто на социјалните мрежи, според нив, партиите се најголем извор на неточни информации

Орце Костов

Младите во Македонија го напуштаат домот на своите родители нa 32,1 години

Горан Наумовски

Конкурси за вработување во здравство по избори, дотогаш продолжен договор на дело

Ковачевски: Министрите чии роднини работат во М-НАВ си даваат ставови, не можам да им бидам портпарол

Николовски за внукот кој работи во М-НАВ: Се работи за највисоко стручен кадар, треба да се бориме таквите да ги задржиме дома

Александар Тодески