Потпишан договорот за спојување на ОНЕ и ВИП

Од:

ОНЕ оператор од Скопје, членка на Телеком Словенија Групацијата и ВИП оператор – Скопје денеска потпишаа договор за спојување. Договорот како што соопштуваат од компаниите, го потпишаа генералните директори на двете компании.

Целокупната трансакција ќе биде завршена по добивање на дозвола за спојување од македонските власти и се очекува да биде завршена во првиот квартал од 2015 година.  Активностите на македонскиот пазар се во согласност со бизнис планот на Телеком Словенија групацијата за 2014 година и Стратешкиот бизнис план за 2014 – 2018 година.

На 22 октомври 2014 година Телеком Австрија Групацијата објави дека се договори со Телеком Словеније Груп за спојување на нивните подружници Вип оператор и Оне. Телеком Австрија Групацијата ќе има 55 проценти и целосна контрола во новосоздадениот ентитет, додека Телеком Словенија Груп ќе поседува 45 проценти. Договорот, исто така, вклучува опции за купување и продажба за излегување на Телеком Словеније од заедничката компанија во рок од три години од затворањето на спојувањето.

Телеком Словенија АД заедно со Телеком Австрија Групацијата поднесоа известување за пазарниот удел до македонската Комисија за заштита на конкуренција во врска со намерата за спојување на своите македонски подружници, ВИП оператор со компанијата ОНЕ, во сопственост на Телеком Словеније Групацијата.

Телеком Австрија Групацијата котира на Виенската берза од ноември 2000 година, и претставува водечки комуникациски провајдер во Централна и Источна Европа со околу 23 милиони корисници на пазарите каде што работи. Групацијата во моментот е присутна во Австрија, Бугарија, Белорусија, Хрватска, Словенија,  Република Србија, Република Македонија и во Лихтенштајн. Групацијата има повеќе од 16,000 вработени на крајот на јуни 2014, а приходите на Групацијата на крајот на 2013 година изнесуваа околу 4.2 милијарди Евра. Портфолиото на услуги на Телеком Австрија Групацијата содржи производи и услуги во говорна телефонија, широкопојасен интернет, мултимедијални услуги, податочни и ИТ решенија, големопродажба, како и решенија за мобилно плаќање.

Би можело да ве интересира

Бизнисмените кои знаат плаќаат најмалку, а добиваат најмногу

Ана Ололовска

Со Vip Roam Surf целосна контрола на трошоците во роаминг

Ана Ололовска

Подарок мобилен интернет за сите Вип корисници

Наум Локоски

Документарната програма BBC Earth на Vip TV

Ана Ололовска

Оне.Вип со единствена мрежа по спојувањето

Ана Ололовска

Димитар Ковачевски нов извршен директор во Оне.Вип

Ана Ололовска