Поради увезеното српско брашно, домашното остана непродадено

Од:

Укинувањето на владината одлука за условен увоз на брашно со претходен откуп на домашна пченица го доведе во прашање опстанокот на мелничарите.

Тие, како што рекоа на денешниот состанок во Стопанската комора, имаат огромни залихи зашто во земјава најмногу се продава увезеното брашно од Србија кое е поевтино за шест до девет денари од домашното.

Според Николчо Георгиев од „Макмлин“, претседател на Групацијата на мелничко-пекарската индустрија во Комората, доколку не се преземат соодветни мерки, ќе остане неоткупена годинашната пченица чие производство е поголемо за 20 отсто од лани.

– Досега имавме разбирање од Владата и секогаш и излегувавме во пресрет особено за време на жетвата. Очекувавме мерката што беше укината на 1 ноември 2012 да трае до Нова година или најдоцна до март 2013, нагласи Георгиев.

Преработувачите кои предупредија дека секој ден буквално се затвора по еден млин во Македонија, ќе бараат поголема контрола на увезеното брашно и воведување маркички за произведено декларирано и увезено брашно.

Последните податоци од Стопанската комора покажуваат дека од 1 ноември лани кога беше укината владината заштитна мерка до денес се увезени 12.000 тони пченично брашно главно од Србија, но се смета дека во земјава доаѓаат количини и од Косово и БиХ.

Би можело да ве интересира

Лебот нема да поскапи следните два месеца, компаниите се жалат на проблеми со ликвидноста и со одлив на кадри

А1он

Нема веќе гарантирани цени, државата уште не го донела законот за контрола на трговците

Орце Костов

Темата за зголемување на цената на лебот е само шпекулација во јавноста, тврдат мелничарите

Катерина Ѓуровски

Николовски: Мелничарите да одговорат зошто некој би барал поскап леб при набавени количини пченица по преполовена цена

Орце Костов

Бесими најде виновник за најавените поскапувања: Медиумските укажувања за цените не помагаат во економијата

А1он

„Доаѓа зима, ќе бираме помеѓу студ и глад“: Македонија пред силен бран поскапувања

Орце Костов