Поради Ковид-19 засегнати 81 отсто од работниците во светот

Од:

Прекинувањето на бизнисите и другите економски мерки поврзани со ширењето на новиот коронавирус засегнаа 2,7 милијарди работници во светот. Во второто тримесечие на 2020 година, поради различни ограничувања, ќе се изгуби вкупно 6,7 отсто од работното време, што е еднакво на целосно отсуство од работа за 195 милиони луѓе, се наведува во извештајот објавен од Меѓународната организација на трудот (МОТ).

„Мерките за целосно или делумно стопирање на бизнисот засегнаа 2,7 милијарди работници, што претставува околу 81отсто од глобалната работна сила“, велат експертите.

Тие потенцираат дека „во вториот квартал на 2020 година работното време ќе се намали за приближно 6,7проценти“. Ова е еднакво на отсуство од работа на 195 милиони луѓе со полно работно време.

Во исто време, авторите на извештајот сè уште не се посветени на предвидување раст на невработеноста за 2020 година, нагласувајќи дека „загубите ќе зависат многу од развојот на пандемијата и мерките за спротивставување на нејзиното влијание“.

Според предвидувањата на МОТ објавени порано, се очекува бројот на невработени да се зголеми за 25 милиони до крајот на оваа година. Сепак, организацијата сега верува дека невработеноста, како резултат на пандемијата, „ризикува значително да се зголеми“.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски