Пониски продажните цени на индустриските производители

Од:

Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски за 0,6 отсто на месечно ниво, односно за 6,1 отсто на годишно ниво, објави Државниот завод за статистика.

Во јануари 2015, во споредба со декември 2014, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групата Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,8 отсто, Енергија за 0,7 отсто и во групата Интермедијарни производи, освен енергија за 0,2 отсто.

Во јануари 2015, во споредба со јануари 2014, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групата Енергија за 12,3 отсто, Капитални производи за 4,3 отсто, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2,4 отсто, Трајни производи за широка потрошувачка за 2,1 отсто и Интермедијарни производи, освен енергија за 2,0 отсто.

Би можело да ве интересира

За една година затворени 14 училишта во Македонија: Намален е бројот и на паралелки и ученици

Александар Тодески

Зголемен бројот на работниците во индустријата

Лани поднесени обвиненија за половина од примените пријави за злоупотреба на лични податоци

Александар Тодески

Пад на индустриското производство во јули

Горан Наумовски

Негативен природен прираст во 2022 година

А1он

Зголемен бројот на туристи