Пониски цените на индустриските производители

Од:

Продажните цени на производителите на индустриски производи во април годинава се пониски за 0,2 отсто на месечно ниво, а за 2,3 отсто на годишно ниво, објави Државниот завод за статистика.

Во април 2014, во споредба со март 2014, продажните цени на производителите на индустриски производи се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 1,4 отсто, во секторот Преработувачка индустрија за 0,1 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0,5 отсто.

Продажните цени на производителите на индустриски производи, во април 2014 во споредба со април 2013 година, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 0,4 отсто, во секторот Преработувачка индустрија за 2,4 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 3 проценти.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во мај 2014 продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки за 0,6 отсто на месечно ниво, а се пониски за 0,2 отсто на годишно ниво.

Во мај 2014, во споредба со април 2014, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групата Капитални производи за 5,7 отсто, групата Енергија за 1,2 отсто и групата Интермедијарни производи, освен енергија за 0,2 отсто, додека во групите Трајни производи за широка потрошувачка и Нетрајни производи за широка потрошувачка се на исто ниво.

Во мај 2014, во споредба со мај 2013, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групата Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2,7 отсто.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во април 2014, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се пониски за 0,4 отсто на месечно ниво, а за 2,8 отсто на годишно ниво.

Во април 2014, во споредба со март 2014, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 2,2 отсто, а во секторот Преработувачка индустрија за 0,3 отсто.

Во април 2014, во споредба со април 2013, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 6 отсто, а во секторот Преработувачка индустрија за 2,5 отсто.

Би можело да ве интересира

За една година затворени 14 училишта во Македонија: Намален е бројот и на паралелки и ученици

Александар Тодески

Зголемен бројот на работниците во индустријата

Лани поднесени обвиненија за половина од примените пријави за злоупотреба на лични податоци

Александар Тодески

Пад на индустриското производство во јули

Горан Наумовски

Негативен природен прираст во 2022 година

А1он

Зголемен бројот на туристи