Поевтинуваат лебот, млекото и месото: Владата ги објави производите кои маркетите од утре ќе мора да ги намалат

Од:

Од утре за 10 отсто ќе поевтинат основните прехранбени производи во 25 категории, а Владата објави листите на производи кои ќе бидат намалени во однос на цената од 1 август која е земена за референтна цена.

Меѓу производите се белиот ориз во пакување од 900 грама до еден килограм, пченичното брашно тип 400 и тип 500, белиот и полубелиот леб од 450 грама, цел и на парчиња со исклучок на свежо печениот леб во маркетите, други пекарски производи, бисквитите, наполитанките со фил од какао крем, тестенините без и со јајца, јунешкото место без коски од бут или некој друг дел, свинско место без коски од бут или некој друг дел, меленото свинско и јунешко месо, пиле свежи или замрзнато, пилешки стек свеж или смрзнат, чаен колбас (јунешки, свински и говедски) без додатоци, пилешка посебна салама, пилешката паштета, трајното кравјо млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5% од 1л, јогуртот од кравјо млеко од 2,8% до 3,2% масленост, кисело кравјо млеко со масленост 2,8% и 3,2%, павлаката со масленост 12% и 20%, кравјото бело сирење и мешано сирење, кравјиот и мешан традиционален кашкавал, свежи јајца, свежо овошје и свеж зеленчук.

– Овие производи се намалуваат за најмалку за 10% од цената која се применувала на 1 август 2023 година во трговија на мало. Не зборуваме за постојаните цени, туку кои биле на 1 август и тие цени треба да се намалат за 10 проценти. Трговците за вршење дејност производство и трговија на голема треба да одобруваат рабат и други надоместоци кон трговецот на мало во висина на пет отсто и не повеќе. Трговците на мало ќе треба да ги одбележат овие производи со новите цени. Дополнителмо увозниците и дистрибутерите имаат обврска најмалку 70% од количините на истите производи – објасни министерот за економија Крешник Бектеши.

На трговците ќе им се овозможи да направат акции на сите овие производи, односно да направат и дополнителни намалувања, а оние маркети кои имаат производи на кои им поминува рокот можат да ги стават на акции истите со посебни ознаки.

Би можело да ве интересира

Ристески: Законот за нефер трговски практики ќе ги намали цените на производите барем за 10 отсто

СДСМ: Цената на лебот се намали за еден денар, целосно неефикасни мерки на Владата

СДСМ: Ние намаливме цени на 500 производи, Мицкоски замрзна маржа на 73, дебакл на Владата

Горан Наумовски

Дурмиши: Цените не се замрзнуваат, маржата се ограничува до 10 отсто

Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он