Почнуваат ТЕХНОМА, МАКИНОВА, Техноинвент и Саемот за транспорт и логистика

Од:

Над 160 изложувачи од Македонија, Италија, Австрија и Германија од областа на металургијата, електротехниката, енергетиката, градежништвото, обезбедувањето и заштитата од денеска до сабота ќе се претстават на 42. Меѓународен саем „ТЕХНОМА“ во Скопје.

Во рамки на саемот за првпат ќе се одржи настанот „Техноинвент – старт енд гроу“, во соработка со Фондот за иновации и технолошки развој. На него ќе се претстават над 30 стартап компании кои ќе може да се промовираат и да си го најдат своето место на пазарот.

За време на сите саемски денови Фондот за иновации и технолошки развој заедно со 12 организации за поддршка на стартат претпријатија и со Скопски саем ќе организираат и работилници, презентации и конференции.

Во рамки на саемот ќе се одржат и четвртото издание на Саемот за транспорт и логистика, 17. Меѓународен саем за занаетчиство и мало стопанство, како и 37. Меѓународна изложба на иновации – МАКИНОВА.

На 4. Меѓународен саем за транспорт и логистика на површина од 1.000 метри квадратни ќе се претстават транспортни компании, пристаништа, транспортни асоцијации, логистички центри, терминали и царински складишта од Македонија, поширокиот регион, Германија, Австрија, Швајцарија, Албанија,… Планирано е да се одржат и трибини за стручната и деловната  јавност во коорганизација со СИЗ Македонија сообраќај АМЕРИТ.

„МАКИНОВА“ ќе се одржи во третата саемска хала на посебен дел.

Работното време на саемот  ќе биде од 10 до 19 часот, а влезницата ќе чини 90 денари за поединечни посети и 40 за организирани групни посети.

Би можело да ве интересира

Николовски: Македонското вино е нашиот најдобар промотор

Груби ги кани невработените да се запознаат со работата на „Бехтел и Енка“, а тие уште не почнале да градат

A1on

Владата три дена одбива да каже колку пари потроши за стоте луѓе кои во Белград дегустираа вина

A1on

И Абазовиќ ќе присуствува на саемот Винска визија Отворен Балкан во Белград

А1он

Меѓународен саем „Органска трпеза” во Куманово

А1он

Виртуелен саем за развивање одржливи навики, мода и зелени бизниси

Ана Ололовска