Почнува ТЕХНОМА 2015, иновациите во фокусот

Од:

На Скопскиот саем од денеска до сабота ќе се одржува 41. издание на Меѓународниот саем „Технома“ на кој годинава во фокусот ќе бидат иновациите.

Најавено е учество на повеќе од 185 изложувачи од кои 50 од странство, а за првпат годинава ќе се претстават и компании од Тајван.

Во соработка со Фондот за иновации и технолошки развој ќе биде организиран Форум за иновации на кој сите кои сакаат да почнат бизнис ќе имаат можност да се информираат за тоа што им се нуди како поддршка за иновативноста. Форумот ќе биде и можност да се направи обид за вмрежување на академската заедница, бизнис секторот и државата.

На годинашното издание на „Технома“ ќе бидат присутни пет високообразовни иснтитуции, главно техничките факултети, но од Скопски саем се надеваат дека следните години нивниот број ќе се зголеми.

За време на „Технома“ ќе бидат отворени и 35. Меѓународна изложба на иновации „Макинова“ и 16. Меѓународен саем за занаетчиство и мало стопанство.

Саемот ќе се одржува во три хали на кои ќе се претстават фирмите, а во четвртата хала ќе се одвиваат Макинова и Форумот на иновации. Организаторите очекуваат годинашниот саем да биде посетен од повеќе од 25.000 посетители.

Би можело да ве интересира

Николовски: Македонското вино е нашиот најдобар промотор

Груби ги кани невработените да се запознаат со работата на „Бехтел и Енка“, а тие уште не почнале да градат

A1on

Владата три дена одбива да каже колку пари потроши за стоте луѓе кои во Белград дегустираа вина

A1on

И Абазовиќ ќе присуствува на саемот Винска визија Отворен Балкан во Белград

А1он

Меѓународен саем „Органска трпеза” во Куманово

А1он

Виртуелен саем за развивање одржливи навики, мода и зелени бизниси

Ана Ололовска