Почнува првиот Outlet Саем во Скопје

Од:

На Скопски саем од денеска до 16 јуни ќе се одржи Првиот Outlet  Саем на кој посетителите ќе може на едно место да најдат се за реновирање, реконструирање, градење, уредување, преуредување и разубавување на своите домови, градини и дворови.

Карактерот на Саемот е поинаков од останатите саемски манифестации кои ги организира Скопски саем и како новина тој претставува саем со исклучително продажен карактер.

Манифестацијата ќе се одвива на 7.000 метри квадратни внатрешен изложбен простор во три хали и целокупниот надворешен простор со повеќе од 60 штандови. Ќе бидат понудени дневни соби, спални, трпезарии, кујни, детски соби, гарнитури, лежаи, кревети за бебиња, ормари, комоди, ТВ витрини, основи за дупеци, теписи, паркети, ламинантни подови, АД ѕидни панели, телевизори, врати, туш кабини и кади, осветлување и електрика, климатизација, опрема за домаќинство…

Од Скопски саем очекуваат 50.000 посетители. Влезот е бесплатен, а за посетителите Скопски саем ќе приреди и наградна игра.

Би можело да ве интересира

Николовски: Македонското вино е нашиот најдобар промотор

Груби ги кани невработените да се запознаат со работата на „Бехтел и Енка“, а тие уште не почнале да градат

Орце Костов

Владата три дена одбива да каже колку пари потроши за стоте луѓе кои во Белград дегустираа вина

Орце Костов

И Абазовиќ ќе присуствува на саемот Винска визија Отворен Балкан во Белград

А1он

Меѓународен саем „Органска трпеза” во Куманово

А1он

Виртуелен саем за развивање одржливи навики, мода и зелени бизниси

Ана Ололовска