Почна новата кампања за економскиот и инвестициски план на ЕУ за Западен Балкан

Од:

Почна кампањата насловена „#ЕУиТИ – Заедно можеме” низ целиот регион на Западен Балкан, која има за цел да ги истакне можностите и приоритетните проекти кои ќе се спроведат во регионот, како дел од Економскиот и инвестициски план (ЕИП) на ЕУ за регионот.

Како што соопштија организаторите, ЕИП издвојува речиси 30 милијарди евра за финансирање и инвестиции во областите на зелена и дигитална транзиција, поврзаност и раст. Овoј исклучителен вид на поддршка има за цел да му помогне на регионот да зајакне после пандемијата и да отвори можности за иден раст, како и да го доближи Западниотен Балкан до ЕУ.

Вклучени се значајни инвестиции за справување со еколошките и климатските предизвици, надградување на дигиталната инфраструктура и максимизирање на потенцијалот за раст на дигиталната економија, одржлива транспортна инфраструктура и овозможување на подобри конекции во самиот регион, но и со ЕУ, премин кон чиста енергија и постепено исфрлање на јагленот, како и поголема употреба на обновливи извори.

„#ЕУиТИ – Заедно можеме” е втората од три регионални кампањи за подигање на свеста кои се спроведуваат од Европската комисија во тек на три години. Развиена е од Регионалната комуникациска програма за Западен Балкан на Европската Унија.

Содржи интересен мултимедијален микс, вклучувајќи и инфлуенсери и активисти кои се посветени на работа поврзана со главните теми на кампањата и анимирани видео спотови за секоја од четирите теми. Рекламирањето на ТВ, радио, билборди, веб и социјални мрежи започнува на 15 ноември и ќе трае еден месец.

Би можело да ве интересира

Борел: Со менување на Уставот нема да се загуби македонскиот идентитет

Орце Костов

Борел доаѓа во Скопје со порака до македонската влада: корупцијата сериозно го „минира“ условениот датум на преговорите

Петар Клинчарски

ЕУ ги продолжи санкциите против Русија за уште шест месеци

Бајден и Фон дер Лајен: „Ние сме пообединети од кога било“

Ана Ололовска

Со косовски пасош во ЕУ без виза – Косово доби безвизен режим

А1он

ЕУ воведе дигитален здравствен пасош

Горан Наумовски