По Велика Британија, се очекува Италија, Франција и Германија да станат основачи на Азиската инвестициона банка за инфраструктура

Од:

Во Пекинг денеска беше највено дека по минатонеделното пристапување на Велика Британија во групата основачи на Азиската инвестициона банка за инфраструктура, АИИБ, договорот за основачко членство наскоро ќе го потпишат и Италија, Франција и Германија. Банката, чиј основачки капитал ќе биде 50 милијарди долари, е иницијатива на кинеската влада.

Меморандумот за подготвеност на оснивање на АИИБ во октомври минатата година го потпишаа 26 држави, меѓу кои покрај Кина се Индија, Сингапур и Индонезиа. Подготвеност за пристапување кон новата банка најави и Јужна Кореја.

Новата Азиска банка за поддршка на развојот на инфраструктурата ќе биде голем финансиски играч во регионот ба Азија и Пацификот, каде што според објавените планови на одделни држави во инфраструктурни проекти до 2.025 година ќе се финансираат најмалку 1.100 милијарди долари.

itРечиси половина од овие средства треба да се вложат во изградба на патишта, аеродороми и пристаништа во државите од групацијата АСЕАН. На крајот од годинава АСЕАН ќе почне да функционира како Економска заедница, со правила речиси идентични на оние што важат за политиката и економијата на Европската Унија.

Би можело да ве интересира

Пекинг силно се спротивставува на зголемувањето на царините за кинеските стоки во САД

Петмина Кинези протерани од Македонија – илегално влегле во земјава со намера да одат во Грција

(ВИДЕО) Карабињерите запленија 2.700 килограми кокаин, скриен во керамички банани

Вучиќ: Србија и Кина напорно работеa за да ги развијат односите

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Пет работници загинаа во Палермо