„Петробраз“ со рекордни загуби во 2015.

Од:

Бразилскиот гигант „Петробраз“ објави вчера дека лани претрпел рекордни загуби во износ од 34,8 милијарди реали (9,6 милијарди долари), пред се поради падот на цените на суровата нафта.

– Годината беше исклучително тешка за нафтената индустрија во целина, појасни на прес-конференција Алдемир Бендин, претседател на државната команија, која беше погодена од најголемиот корупциски скандал во историјата на Бразил.

Загубите на „Петробраз“ се зголемија во споредба со 2014 годин, кога изнесуваа 21 милијарда реали (7,2 милијарди долари), од кои една четвртина се поврзани со корупцијата, како што призна и самата компанија.

„Петробраз“ појасни во соопштение дека минатата година загубите се пред се поврани со намалувањето на цените на суровата нафта и на вредноста на реалот.

Компанијата лани ги намалила инвестициите за 12 отсто или 76,3 милијарди реали (21,1 милијарда долари).

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Аеродром во Бразил e поплавен: „Салгадо Фиљо“ ќе е затворен до крајот на мај

Големи поплави во Бразил, загинаа 83 лица, 111 се исчезнати

(ВИДЕО) Гори зграда од 28 ката во Бразил

Горан Наумовски

Заложничка драма во Бразил, двајца се тешко ранети

Горан Наумовски

Српската репрезентативка преживеала пекол: Прво ја нападнале со ножеви, па и ставиле пиштол на глава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Големи поплави и загинати во Бразил