„Петок за млади“ – поттик учениците да размислуваат критички и креативно

Од:

Да се поттикне креативно, критичко и иновативно размислување кај основците и средношколците, наспроти учењето само од книги, е целта на новата иницијатива „Петок за млади“ што денеска ја промовираше Фондот за иновации и технолошки развој.

Како што рече директорот на Фондот Јован Депостовски, иницијативата за почеток ќе се организира двапати месечно. Се уште е во експериментална фаза и е отворена за секакви предлози.

– Сакаме да ги поттикнеме младите да го кажат своето мислење макар и да е погрешно, да кажат „не“, да не читаат се од книги, туку и сами да размислуваат и да се обидат да направат нешто без да се плашат, рече Деспотовски.

На промоцијата, пет екипи средношколци од различни училишта ги презентираа своите иновативни предлози од циклусот истражувачи. Присуствуваа и ученици од ОУ „Димитар Миладинов“ кои се добитници на првата награда.

Учениците од „Димитар Миладинов“ во рамки на „Петок за млади“ денеска во просториите на Фондот со креди во боја ќе цртаат дел од ѕидот, а ќе добијат и подароци.

Би можело да ве интересира

Јанушев: Обвинителството да отвори истрага за грантовите од ФИТР на Дрин Ахмети, од шест милиони по огласот, тој добил пет

ФИТР со реакција: Внукот на Ахмети барал повеќе пари за иновации ама му одобриле само 82.000 евра

А1он

Фондот за иновации потрошил еден милион евра за хонорарци и експерти кои не поминале интервју, открија ревизорите

A1on

МАСИТ: Цоневски со волонтерски ангажман во Комисијата, не подлежи на поднесување анкетен лист

Катерина Ѓуровски

Саша Максимовски ги демантира тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФИТР: Почнува проектот за дигитализација на повеќе од пет милиони оргинални записи на Институтот „Крсте Мисирков“

Ана Ололовска