Пет години од основањето на Комората на овластени архитекти и инженери

Од:

Комората на овластени  архитекти и инжинери во изминатите пет години се оформи во значајна институција за реализирање на највисоките стандарди во урбанизмот и градежништвото во Македонија, оцени денеска министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески на свеченоста по повод пет години од основање на Комората.

Воспоставувањето на Комората, според Јанакиески, придонело за подобрување на состојбите во градежништвото и се лиценцирани сите градежни компании.

– Во изминатиот период успеавме да ги лиценцираме сите градежни компании, да воспоставиме една добра законска рамка, сите компании во Македонија се  лиценцирани без оглед дали се работи за проектирање или за изградба. Исто така, создадовме можност странски компании да се лиценцираат во Македонија, наведе Јанакиески.

Идни значајни активности за Комората, најави, е  примената на еврокодовите од областа на градежништвото, за чиј стручен превод минатиот месец заврши ревизијата.

Претседателот на Комората Блашко Димитров истакна дека денес Комората,  со над 6.125 овластени инжинери и 120 инжинери со потврдени странски овластувања, може да ги врши сите функции и е подготвена за нострификација на секаков вид проекти.

– Досега имаме издадени 14.000 овластувања на професионални инжинери од сите области. Исто така, имаме обврска да вршиме нострификација на странска проектна документација и потврдување на дипломи на странски инжинери, рече Димитров.

Тој информира дека е во тек процес на усогласување на актите на комората со последните законски измени и дополнувања на Законот за градење и изработка на унифицирани правилници за добивање  овластување.  Покрај нострификацијата на проекти изработени според странски прописи и потврдување на овластувања на инжинери од други држави Комората се ангажира да овозможи признавање на овластувањата на нашите инжинери за да можат да работат во странство. Членка е во Европскиот совет на инжинерски комори, а е потписник и на Спогодба за инжинерска иницијатива за регионална соработка, од минатиот месец, од која се дел и  Словенија, Хрватска, Србија и Црна Гора.

Меѓу планираните активности на Комората е и изработка на регистар на инжинерски занимања, во соработка со факултетите од техничките струки во Македонија, којшто треба да помогне при издавање овластувања на инжинерите  во иднина.

Би можело да ве интересира

Бочварски: До 10 јули ќе се вози по патот Подмолје-Охрид, има силна градежна офанзива

A1on

Пуштен сообраќајот за лесни возила на магистралата А3 кај Делчево

Ана Ололовска

Бочварски: Владата ќе помогне за санација на штетите од невремето во Делчево

Ана Ололовска

Се укинуваат дозволите за превоз на товар и патници меѓу Србија и Северна Македонија

Горан Наумовски

Саем за транспорт во комплексот „Борис Трајковски“

Ана Ололовска

Бочварски: Сите постапки ќе се реализираат со цел да се изградат коридорите на време

Ана Ололовска