Пекарите се заканија: Граѓаните ќе ги оставиме без леб ако се замрзне цената на 33 денари

Од:

Производителите на леб донеле заедничка одлука да го прекинат производството на леб и да ги остават граѓаните без леб првиот ден по објавувањето на одлуката за замрзнување на цената на лебот во Службен весник.

Горан Малишиќ, претседател на групација за мелничко-пекарската индустрија при Стопанската комора на Македонија по денешната средба на членките, рече дека и сега имало поевтинет леб благодарение на субвенциите за струја, но дека замрзнувањето на цената ќе предизвика прекин на нивната работа.

– Производителите донесоа заклучок дека мерката има позитивен ефект, производителите ги намалија цените на лебот според висината на учеството на струјата во определување на крајната цена. На пазарот имаме разни варијации, разни тежини на леб и за населението за кое мислиме дека е социјална категорија, веќе постојат цени на леб.

Мерката на Министерството за економија ќе донесе штети од 3.000 до 15.000 евра на ден кај производителите на леб, а некои ќе затворат.

Донесовме едногласна одлука дека дента кога ќе излезе одлуката за замрзнување на цената на лебот во Службен весник, од следниот ден нема да се произведува леб и нема да се носи на пазарот.
Секоја компанија си има свои трошоци и според нив ја одредува цената. Никој не го тераме со сила да купи леб од 50 денари ако веќе постои леб од 30. Тоа е пазарна економија – рече Малишиќ.

Пекарите го предупредија Бектеши дека неговата одлука ќе значи пропаст за нив.

– Овие компании веќе имаат набавени залихи по висока цена на брашно, пченица и не може министерот со една одлука од утре да ја намали цената, ќе ги уништи компаниите. Ова решение ќе значи пропаст. Ние не бараме време, одлуката веќе е донесена. Ова не е бојкот, ова е спас за индустријата. Сите компании калкулираат со залихи од 3-4 месеци кои се направени после жетвата кога цената беше највисока на брашното – додаде тој.

Би можело да ве интересира

Ристески: Законот за нефер трговски практики ќе ги намали цените на производите барем за 10 отсто

СДСМ: Цената на лебот се намали за еден денар, целосно неефикасни мерки на Владата

СДСМ: Ние намаливме цени на 500 производи, Мицкоски замрзна маржа на 73, дебакл на Владата

Горан Наумовски

Дурмиши: Цените не се замрзнуваат, маржата се ограничува до 10 отсто

Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста

Лебот нема да поскапи следните два месеца, компаниите се жалат на проблеми со ликвидноста и со одлив на кадри

А1он