Педесет македонски компании на работилница на ФИТР за „Инвестициска подготовка“

Од:

Експерти и професори од САД и Европа со меѓународно искуство во областа на иновациите, претприемништво, развој на нови бизниси, маркетинг, продажба и пласирање на производи ја водат дводневната работилница која се реализира во соработка и со поддршка од „Швајцарската програма за претприемништво“, финансирана од Амбасадата на Швајцарија во Република Македонија.

– Со првата работилница која ја организира Фондот за иновации во рамки на оваа Програма компаниите ќе имаат шанса да се здобијат со нови знаења и вештини кои ќе ги искористат за подготовка на успешни проекти, изјави Јован Деспотовски директор на ФИТР.

Тој најави дека до крајот на годинава Фондот ќе објави два нови јавни повици за финансиска поддршка на компаниите.

– Продолжуваме со реализација на програмата на ФИТР. Веќе разговаравме со Светската банка и до крајот на оваа година ќе објавиме јавен повик за старт ап компании, како и нов повик за инструментот за комерцијализација на иновации. Повиците ќе бидат отворени за домашните компании, со цел поттикнување забрзан економскиот раст во наредниот период, истакна Деспотовски.

Заменикот амбасадор на Швајцарија Стефан Томагиан, во своето обраќање нагласи дека тие и понатаму ќе ги поддржуваат активностите на Фондот за јакнење на капацитетот и вештините на македонските компании.

– Нема подобар начин да се започне еден ден, односно да се биде опкружен со луѓе со идеи и визии. Тоа што сте тука е одличен знак дека сакате да научите нешто ново и да се развивате и понатаму, посочи Томагиан.

Во рамките на оваа интерактивна работилница, учесниците ќе се стекнат со дополнителни знаења и вештини за подготвеност за инвестиции, комерцијализација, раст преку стратешки партнерства, ГТМ стратегија, како и презентациски вештини и изработка на маркетинг план. Компаниите учесници на оваа работилница се дел од апликантите на првиот повик за Планот за економски раст на Владата, што се реализираше во првата половина на 2018 година. Покрај работилницата, во периодот од 19-30 октомври овие компании ќе добијат и индивидуална менторска поддршка за доразработка на проектните идеи.

Програмата за инвестициска подготовка ќе продолжи и во наредниот период.

Би можело да ве интересира

Јанушев: Обвинителството да отвори истрага за грантовите од ФИТР на Дрин Ахмети, од шест милиони по огласот, тој добил пет

ФИТР со реакција: Внукот на Ахмети барал повеќе пари за иновации ама му одобриле само 82.000 евра

А1он

Фондот за иновации потрошил еден милион евра за хонорарци и експерти кои не поминале интервју, открија ревизорите

A1on

МАСИТ: Цоневски со волонтерски ангажман во Комисијата, не подлежи на поднесување анкетен лист

Катерина Ѓуровски

Саша Максимовски ги демантира тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФИТР: Почнува проектот за дигитализација на повеќе од пет милиони оргинални записи на Институтот „Крсте Мисирков“

Ана Ололовска