Отворена стечајна постапка за поранешно Фени: На работниците им должи 2,18 милиони евра за плати

Од:

Во основниот суд Кавадарци отворена е стечајна постапка за „Еуроникел индустри“ или поранешно Фени Индустри, а за стечаен управник е назначен Ацо Петров од Скопје.

Стечајниот предмет беше поведен по предлог на тројца доверители: прилепска компанија, јавно претпријатие од Кавадарци, како и вработените во фабриката.

Претставниците на доверителите, рекоа дека сметаат оти покрај обврските, компанијата има и имот од кој би можела да се формира стечајна маса и да се намират доверителите преку неа.

На рочиштето беше презентиран извештајот од досегашната привремена стечајна управничка, Љубица Зајкоска од Прилеп, за економско – финансиска состојба на „Еуроникел“ и според податоците од последните перт години фирмата постојано била во добивка.

Зајкоска појасни дека 670 вработени побаруваат по четири плати во вкупен износ од 133.823.193 денари или 2,18 милиони евра.

Таа додаде дека книговодствено, компанијата има побарувања и од домашни и странски субјекти и од државни институции, но нивната веродостојност ќе се испита во отворената стечајна постапка.

Би можело да ве интересира

„Гринпис“ се соочува со банкрот, мора да плати казна од 660 милиони долари

Одреден притвор за полициските службеници поврзани со пожарот во диското во Кочани

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Дополнителните придонеси што би ги плаќала Владата, не се предвидени во Буџетот

Судот нареди итна забрана за контролата на Маск врз американските платежни системи

Горан Наумовски

САД: Забраната за продажба на оружје на млади од 18 до 20 години е неуставна

Горан Наумовски

Продаден е дел од имотот на „Фени“, ќе има авансна распределба на парите

Горан Наумовски