Плата до 5-ти и породилно отсуство од 18 месеци – предлозите на Левица утре на дневен ред

Од:

После, за нас, неразумниот и неодговорен „платен распуст“ на пратениците, на седницата закажана за утре (вторник) ќе се најдат два предлог-закони поднесени од пратеничката група на Левица: Задолжителна исплата на платата до 5-ти наместо до 15-ти во месецот, затоа што работникот не смее да биде оставен во неизвесност, присилен да зема брзи кредити, да влегува во дозволени минуси или да се изложува на позајмици со високи камати додека чека половина месец за парите што чесно ги заработил и зголемување на породилното отсуство од 9 на 18 месеци, со цел подобрување на социјалната и економската заштита на мајките и семејствата, нивно психофизичко закрепнување и развој, како и градење на здрава врска без страв од финансиска несигурност. Секое дете заслужува стабилен почеток во животот, а секоја мајка право на достоинствено мајчинство, велат од Левица.

„Овие предлог-закони се само поднесени од пратеничката група на Левица, а се произлезени директно од потребите на народот. Дополнително, овие законски решенија не претставуваат светски феномен, туку се компаративно познати и пожелни во други европски земји. Оттука, доколку продолжи партиската суета на владејачкото мнозинство составено од ДПМНЕ-ЗНАМ-ВРЕДИ, и овие предлози не бидат изгласани – тоа ќе биде удар врз оние коишто им го дале мандатот, народот, а не врз Левица.
Досега мнозинството предводено од ДПМНЕ не гласаше за ниту еден предлог на Левица, тие без дебата и разумни контра-аргументи ги одбиваа сите предлози. Пратениците ги потсетуваме дека предлозите се во интерес на граѓаните, а не на политичките партии. Одбивањето на вакви законски решенија, само затоа што доаѓаат од Левица, не е политика – тоа е непочитување на работниците и семејствата пред кои секој пратеник одговара, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: МВР на Тошковски се обиде да ги евидентира заканите на градоначалник кон советничка како поплака

А1он

Левица поднесува интерпелација за министерката за енергетика Сања Божиновска

Катерина Ѓуровски

Бојанов: Советничка од Левица која е ударна тупаница на СДС, има бујна имагинација и за да ги сокрие своите врски со криминалното скопско подземје се служи со клевети и навреди

(ВИДЕО) Стефковски ѝ се закани на советничката од Левица, Маја Никодиновска со ликвидација: „Пази да не завршиш како Оки и Жила“, тврдат од Левица

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Левица: Мијалков не може да ја демантира неговата бизнис мрежа околу Барутана

А1он