Отворена електронска продавница за соларни колектори

Од:

Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски денеска, во рамките на проектот за развој на е-трговијата, ја пушти во употреба новата електронска продавница „Еко-солар“ за продажба на соларни колектори и резервна опрема.

На веб-страницата  www.ecosolar.mk, која функционира веќе неколку дена заинтересираните граѓани можат да го видат начинот на работење на соларните системи, да ги видат понудите на Еко-солар од Штип или сами да креираат соларен систем кој сакаат да го купат и да направат порачка.

– Покрај електронските продавници од областа на текстилната индустрија, туризмот и малите сувенири кои веќе ги промовиравме денеска промовираме и продавница од областа на металните производи што е уште еден доказ дека електронската трговија нема граници. Користењето на интернетот го направи светот да биде рамен и географските бариери се надминуваат преку користењето на современите технологии, рече министерот Ивановски.

Додаде дека Министерството за информатичко општество и администрација за 15 дена, односно до 31 јануари годинава го продолжи рокот за вториот конкурс за електронски продавници, односно за 50-те електронски продавници за 2013 година.

– Сите кои се заинтересирани треба да достават бизнис план преку веб-станицата на Министерството за информатичко општество и администрација. Тие што ќе бидат одбрани ќе добијат една година бесплатно хостирање, а петте продавници кои најуспешно ќе работат во првата година ќе добијат и дополнителна година на бесплатно електронско хостирање, истакна Ивановски.

Сопственикот на Еко-солар Зоран Трајков рече дека отворањето на електронската продавница значи континутирана продажба од 24 часа на ден низ цела Македонија и во странство, намалување на трошоците на продажба, а со тоа и намалување на цените на производите за крајните потрошувачи.

– Цената која се нуди е до врата на крајниот купувач, а монтажата е дефинирана преку монтажери од регионот од каде е купувачот. Продавницата пред се е наменета за семејствата кои сакаат да инвестираат во термален соларен систем и нуди производи кои се 95 отсто македонски, рече Трајков.

Во иднина, нагласи, преку електронската продавница ќе се продаваат и мали фотоволтаични соларни сиситеми за индивидуални куќи.

Претседателот на Соларната асоцијација на Македонија, Илија Насов истакна дека Македонија е еден од најдобрите региони со сончево зрачење, но со мало искористување на сончевата енергија. Посочи дека покрај субвенциите што ги нуди Владата и намалувањето на ДДВ-то значаен придонес за зголемувањето на користењето на соларната енергија ќе има и отворањето на електронската продавница.

Владата на Република Македонија преку Министерството за економија веќе неколку години го субвенционира вградувањето на сончеви колектори за домаќинствата. Лани субвенционираше 500 од околу 2.000 вградени сонечеви системи со 30 отсто од цената.

Наскоро се очекува да започне акцијата за субвенционирање на сончевите колектори вградени во 2013 година.

Би можело да ве интересира

Алиу: Вработувањата не се предизборни, ќе се вработат на неопределено лица кои работеле привремено

Орце Костов

Од јануари нема да се чека согласност од Финансии за вработување во администрација

ЕСМ: Вработуваме затоа што за три години останавме без 1190 вработени

Орце Костов

(ВИДЕО) Дел од профилите кои регрутираат граѓани за големата интернет измама за пари веќе не се активни, струмичката СмартКлик пријавила злоупотреба на името

Александар Тодески

(ВИДЕО) Масовна измама на интернет во Македонија, се нуди брза заработка

Александар Тодески

Протест на вработените во судска администрација, поддршка добија од претседателот на Судскиот совет

Предраг Петровиќ