Отворен првиот индиски ресторан од ланецот Peacock

Од:

Во Скопје синоќа е отворен првиот индиски ресторан од ланецот Peacock. Ресторанот е лоциран спроти општина Центар, а ќе нуди разновидно мени со индиски специјалитети.

– Ова е само почеток. Планираме да отвориме ресторани во Македонија по истиот бренд, а идејата е да развиеме сосема друг концепт на ресторани. Ова нема да биде обичен ресторан, туку во него ќе бидете дел од една традиција. Одбрано е името Peacock затоа што во превод тоа значи паун – птица која во Индија означува многу, а и кај вас. Името означува елеганција, убавина, уживање. Тоа го нудиме и ние кај нас, изјави Сонали Семвал, менаџерката на Peacock.

Ресторанот ќе биде специфичен по многу нешта, со оглед на понудата на разновидност во менито. Главно во менито ќе биде закуската, потоа специјалитетите од Индија како што се ќепабчињата и тикас. Јадењата ќе бидат подготвени во специјална рерна наречена тандор, а ќе се користат автентични зачини за да се добие вистинскиот индиски вкус.

peacock1

– Кој ќе дојде во овој ресторан ќе има вистинско искуство како да е во Индија, истакна Семвал.

Peacock е почеток на сосема нов концепт на развој на еден сосема друг сегмент во Македонија поврзан со угостителството. Во иднина е планирано да бидат поинакви на пазарот, угостителски бизнис кој ќе ги поврзува ресторанот и образованието во повеќе насоки.

– Идејата да се отвори еден индиски ресторан во Скопје дојде спонтано кога како туристи прв пат го посетивме Скопје и Охрид, во кои воочивме потенцијал за туризам. Всушност она што констатиравме дека Македонците имаат навика  да јадат во ресторани. Така го донесовме индиското кулинарско искуство во Македонија под брендот и стилот на Peacock, а потоа спонтано да се прошири и во „Peacock колеџ за угостителство, рече Прити Чандра, промотор на Peacock.

Како дел од нивната инвестиција е изградба на студентски кампус во Велес, каде покрај сегментот услуги, ќе се нуди целосна едукација за менаџмент, маркетинг, технолошки и технички науки. Cel International досега има големо искуство во делот на едукација спроведувајќи слични проекти насекаде во светот.

Би можело да ве интересира

За германските компании бизнис климата во земјава е добра, благ пад на планираните инвестиции

Тројца истепани во угостителски објект во Градскиот парк во Скопје

Земјотрес во Скопје

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Пожар во куќа зад Универзална сала

Катерина Ѓуровски

Се судрија две возила, во сообраќајката повредена е малолетничка од Скопје

Комшија чува кокошки во зграда во Скопје, не знаат каде да пријават – законот јасен, ни маче и куче не смее да се чува на тераса

Анита Петровска Рајковиќ