Отворен 40. Меѓународен саем Технома

Од:

Домашни и странски компании од денеска ги претставуваат своите најнови технолошки достигнувања, како и проекти за енергетска ефикасност и иновации, на Меѓународниот саем на металургија, електроника, енергетика, неметали, градежништво, обезбедување и заштита – Технома  2014,  што се одржува на Скопски саем.

– Технолошкиот напредок е она што го движи напред економскиот раст, кој што овозможува зголемување на ресурсите и енергетската ефикасност и одржливи модели на производство и потрошувачка, рече на отворањето на јубилејната 40. саемска манифестација Даниела Глигорова, извршен директор на Скопски саем.

Според Глигорова, и покрај нејзината значителна возраст Технома е се уште во потрага по нови форми и содржини и има своја посебна улога во промоција на индустријата во државава и поширокиот регион, носејќи нов бран на меѓурегионален развој.

Во фокусот на Технома и годинава е  енергетиката, а организирани национални претставувања на свои штандови имаат  15 компании  од Унгарија и девет од Австрија.

Истовремено  со  Технома се одржуваат и  Третата специјализирана саемска манифестација Транспорт и логистика, 15. Меѓународен саем на занаетчиство и мало стопанство и 35. Меѓународна изложба на иновации – Макинова.

Комората на занаетчии од Скопје ги претставува компаниите кои се занимаваат со проблемите на обновливи извори на енергија, особено во делот за искористување соларна енергија. На изложбата на пронајдоци македонските иноватори се претставаат со 76 иновативни решенија од различни области. Се претставуават и 20 иновативни решенија на автори од асоцијации од БиХ, Србија, Хрватска и Бугарија.

Во тек на четиридневните саемски манифестации  ќе се одржат и повеќе поединечни презентации и информативни и едукативни работилници.

Би можело да ве интересира

Николовски: Македонското вино е нашиот најдобар промотор

Груби ги кани невработените да се запознаат со работата на „Бехтел и Енка“, а тие уште не почнале да градат

A1on

Владата три дена одбива да каже колку пари потроши за стоте луѓе кои во Белград дегустираа вина

A1on

И Абазовиќ ќе присуствува на саемот Винска визија Отворен Балкан во Белград

А1он

Меѓународен саем „Органска трпеза” во Куманово

А1он

Виртуелен саем за развивање одржливи навики, мода и зелени бизниси

Ана Ололовска