Отворен 39. Меѓународен саем „ТЕХНОМА 2013“

Од:

Под мотото „Енергијата е убава и еколошка“ денеска на Скопскиот саем е отворен 39. Меѓународен саем на металургија, електроника, енергетика, неметали, градежништво, обезбедување и заштита „ТЕХНОМА 2013“.

На површина од околу 12.000 метри квадратни, свој изложбен простор имаат над 200 домашни и странски компании од Италија, Грција, Бугарија, Словенија и Хрватска.

Манифестацијата ја отвори извршниот директор на Скопски саем Гвидо Омладич, кој оцени дека користењето на иновативни технологии ја подигнуваат свеста за важноста на квалитетот како најдобра бизнис практика за лансирање и промовирање на производите на саемските манифестации.

– ТЕХНОМА е една од најстарите, а секогаш нова бизнис ориентирана саемска манифестација која останува иновативна платформа за одржување, развивање и иницирање на бизниси од металургијата, електрониката, енергетиката, неметалите, градежништвото и обезбедувањето и заштитата, рече Омладич.

Паралелно со ТЕХНОМА 2013, која ќе трае до 19 октомври, на Скопски саем се одржуваат и 14. Меѓународен саем на занаетчиство и мало стопанство, 33. Меѓународна изложба на иновации – МАКИНОВА, како и Изложбата на агромеханизација како сегмент на 63. Меѓународен саем за широка потрошувачка АГРОФУД.

Како заеднички дел од АГРОФУД и ТЕХНОМА, во дворот пред Управната зграда на Скопски саем во тек е изложба на агромеханизација.

Би можело да ве интересира

Николовски: Македонското вино е нашиот најдобар промотор

Груби ги кани невработените да се запознаат со работата на „Бехтел и Енка“, а тие уште не почнале да градат

A1on

Владата три дена одбива да каже колку пари потроши за стоте луѓе кои во Белград дегустираа вина

A1on

И Абазовиќ ќе присуствува на саемот Винска визија Отворен Балкан во Белград

А1он

Меѓународен саем „Органска трпеза” во Куманово

А1он

Виртуелен саем за развивање одржливи навики, мода и зелени бизниси

Ана Ололовска