Општина Дебрца со средства обезбедени преку ИПА фондовите на Европската унија ќе реализира два проекти во вкупна вредност од 300 илјади евра. Дел од средствата, односно 170 илјади евра од неповратните средства, ќе бидат наменети за реконструкција на сервисните улички низ селото Мешеишта, додека преостанатите 130 илјади евра се резервирани за набавка на механизација за потребите на Јавното комунално претпријатија „Дебрца“.
Се очекува двата проекти да бидат реализирани годинава.
Градоначалникот на Дебрца Зоран Ногачески синоќа имаше средба со граѓаните на Мешеишта на која презентираше дел од проектите предвидени за реализација во селото, како санација на општинската зграда и нејзино ставање во функција, реконструкција на училиштето, осветлување на спортското игралиште, одредени инфраструктурни зафати на канализацискиот систем, проекти за кои се предивдува да бидат реализирани во тековната година.