Одржан форум за работодавачи во Крива Паланка

Од:

Во општина Крива Паланка  денеска се одржа Форум со работодавачи на кој беа презентирани активните мерки за вработување предвидени со Програмата за работа на Владата на Република Македонија и Европската стратегија за паметен, одржлив и инклузивен пораст- Европа 2020.

Програмите ги презентираа претставници од Министерството за труд и социјална политика, Агенцијата за вработување на Република Македонија, Центарот за вработување од Крива Паланка и претставник од Националниот совет за претприемништво и конкурентност, во соработка со локалната самоуправа на општината и одделението за локален и економски развој.

На присутните работодавачи од малите и средни претпријатија од општината им беа презентирани  четирите активни мерки за вработување: програма за самовработување, финансиска поддршка на правни субјекти за отворање на нови работни места, субвенционирање на вработување и програма за субвенционирање на практиканството.

Секоја од мерките предвидува стимулирање на работодавачите со финансиски средства согласно програмата во период од 3 до 6 месеци, како и овозможување поволни кредити за фирмите со каматна стапка од 1 процент и висина на кредитот до 15.000 евра.

Во програмата се утврдени активните мерки за вработување на различни целни групи, кои ќе бидат опфатени со имплементацијата на годишните оперативни програми и мерки, чијашто цел е да  придонесат за намалување на невработеноста на локално ниво.

Би можело да ве интересира

Жена со здравствени проблеми нападнала негувателка, а потоа предизвикала пожар и починала

А1он

Пуштен патот Крива Паланка -Деве Баир, Николовски најави повеќе нови проекти

Предраг Петровиќ

Наум Поцев го фати чесниот крст од водите на Крива Река

А1он

Селото Дренак во кривопаланечко десетина дена е отсечено поради снегот

Седумдесет и шестгодишен жител на Крива Паланка убиен во неговиот дом

А1он

Голем пожар на градската депонија во Крива Паланка