Одобрени барањата на 5.141 работодавач за финансиска поддршка на плати

Од:

Управата за јавни приходи денеска ги достави првите одобрени барања за финансиска поддршка до Генералниот секретаријат на Владата.

Од УЈП информираат дека се доставени барањата на вкупно 5.141 работодавачи кои ги исполниле условите, а износот на одобрената финансиска поддршка изнесува 507.947.264 денари.

– Ова е прво известување за одобрена финансиска поддршка согласно член 5 став 4 од Уредбата со Законска сила за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено – економската криза предизвикана од корона вирусот Ковид-19, заради исплата на платите за месеците април и мај 2020 година, велат од УЈП.

Оттаму додаваат дека се обработуваат и останатите поднесени барања кои ќе бидат доставени до Генералниот секретаријат по нивната финална обработка.

Би можело да ве интересира

Дурмиши: Утре ќе биде потпишана платата за вработените во Инспекторатот за труд

Љутков: Свесен сум дека не ги дадовме платите пред Велигден, но конечно го решивме проблемот

СОНК: Да не се потпишуваат новите решенија за плати во културата

Горан Наумовски

СДСМ: Трошоците за живот растат, платите стагнираат

Стратешка реформа за фискална стабилност и економски развој-нов закон за ангажирање

УЈП демантира дека го „пломвирала“ Пулс во декември минатата година